June 28, 2022 08:47
Македонија

Хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро

Во организација на здружението за друмски и планински велосипедизам „MacedonianBikeRiders” утре околу Охридското Езеро ќе се одржи велосипедската тура  „Tour de Lake”, а собраните средства ќе бидат донирани за самохрана мајка, со здравствени проблеми.

– Осмото издание на „Tour de Lake”, е за поддршка и помош на Светлана Георгиевска, самохрана мајка, по потекло од Украина. Во моментов нема постојан дом за живеење заедно со нејзиното дете, а покрај тоа има и онколошки здравствен проблем. Кога ја дознавме, приказната со Светлана, одлучивме ние како Здружение оваа година турата околу Охридското Езеро да ја огранизираме, токму за неа и колку што е во наша моќ, заедно со сите љубители на велосипедизмот да и помогнеме, соопшти огранизаторот.

Пријавувањето за учество, според информацијата, е со донација од 300 или 500 денари, со што секој учесник ќе добие стартен пакет, обезбеден од поддржувачи на настанот.

–  До пред почетокот на возењето пријавувањето може да се изврши електронски или лично во салонот на Мерида или на денот на турата. Може да се пријават и оние кои сакаат да помогнат, а не се во можност да бидат дел од овој хуманитарен настан. Од секоја донација, а со која во истовреме ќе се изврши и пријавување, по електронски пат треба да се направи „Screenshot” и да се испрати на Вибер на 071 604-604 или на „мејлот [email protected]”, посочува Здружението.

Стартот на турата е во 9 часот на паркингот пред спортската сала Билјанини извори во Охрид. Ќе се вози по стариот пат кон Струга покрај езерото, преку Калишта кон граничниот премин Ќафасан, преку Лин, Поградец, Свети Наум до Охрид, во должина од 92 километри. 

go88 bản web

đăng ký sunwin sunwin game bài đổi thưởng số 1 việt nam diễn đàn sunwin