January 25, 2021 15:14
Магазин Свет

Хуавеи: Одлуката на Шведска за 5Г опремата е без основа

Хуавеи е изненаден и разочаран од одлуката на шведскиот орган за телекомуникации, којa всушност забрани употреба на 5Г опрема на компанијата во Шведска

 Како одговор на одлуката на Шведска за условите за учество на операторите на аукции од 3,5 гигахерци и 2,3 гигахерци, што всушност претставува забрана за употреба на 5Г опрема на таа компанија, Хуавеи наведува дека тие се приватна комерцијална компанија во целосна сопственост на нејзините вработени.

Нема основа за обвинувањата дека Хуавеи претставува каква било закана за безбедноста. Ние веруваме дека исклучувањето на Хуавеи се заснова на неоснована претпоставка и дека е неправедно и неприфатливо. За 20 години деловно работење во Шведска, како и за повеќе од три децении постоење во повеќе од 170 земји во светот, не е забележан поголем безбедносен инцидент. Хуавеи никогаш не предизвика најмала закана за шведската сајбер безбедност и тоа нема да се случи во иднина. Исклучувањето на Хуавеи нема да придонесе за безбедноста на шведската 5Г мрежа. Напротив, ќе има сериозни нарушувања на конкуренцијата и иновативноста“, стои во соопштението на компанијата.

Хуавеи ќе го процени ефектот на одлуката и се надева дека шведската влада ќе ја преиспита одлуката во духот на фер и отворен пазар, како што секогаш поддржувала.

https://www.huawei.eu/press-release/huawei-media-statement-sweden

 

Tokyo Ghoul Episode 12 at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll premium trial

Watch Fairy Tail (Dub) Episode 172 (https://gogoanime.be/m/EY4j/ep-172) at GoGoAnime one punch man season 2 gogoanime