Македонија Спорт

Христоски: Крушево станува привлечно за екипите кои се на подготовки

Градоначалникот на Крушево, Томе Христовски е задоволен од интересот на екипи од целата држава кои сакаат своите подготовки да ги реализираат во познатиот туристички центар.

– Од вчера на спортски подготовки во спортската сала во Крушево е одбојкарскиот клуб Јанта. Со ова се докажува дека инвестициите во спортската сала уште веднаш вродуваат со плод. Започнавме со привлекување на националните тимови и клубовите на висински подготовки во нашиот град. Спортската инфраструктура, одличните услови, како и содржините кои ги овозможуваме во спортската сала стануваат привлечни и посакувани за спортските екипи и спортистите, изјави Христоски.

Во спортската сала во Крушево изминатиот период се работеше на реконструкција, проширување на намената со поставување на карпи за искачување, опремување со спортски реквизити, изградба на инфраструктура за гасификација и оспособување на фитнес-центар.

Овој проект беше дел од „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево” во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност финансиран од ЕУ, администриран од Светска банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево. 

Animeflix - Watch your favorite anime online FREE.. Animeflix - your number one source for FREE anime, subbed and dubbed. Watch your favorite anime online FREE.

Dragon Ball Z (Dub) Episode 289

ANIMEFLIX How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom

Horimiya (Dub) Episode 8

ANIMEFLIX Kiss x Sis (TV)

ANIMEFLIX Demon Slayer: Entertainment District Arc