October 23, 2021 01:13
Свет

ХРВ: САД им продаваат оружје на три земји што ги кршат човековите права

Администрацијата на Џо Бајден подготвува договори за продажба на оружје на  најмалку тројца кршители на човекови права, вклучувајќи го и Египет, иако вети дека ќе ги стави човековите права во центарот на својата надворешна политика, вели претставник на „Хјуман рајтс воч“ во коментар за „Вашингтон пост“.

На почетокот на годинава, американската влада предизвика силни критики откако одобри продажба на ракети во вредност од 197 милиони долари на Египет и покрај сериозните кршења на човековите права од страна на владата. Продажбата на оружје беше објавена еден ден откако беа уапсени роднини на поранешниот политички затвореник и американски државјанин Мохамед Солтан.

Згора на тоа, пишува претставникот на „Хјуман рајтс воч“, САД продолжија да му даваат годишна воена помош на Египет од  1,3 милијарди долари, што предизвика жестока дебата со активистите за човекови права кои прашуваат зошто САД и даваат толку многу пари на една од најрепресивните земји во светот.

Во април годинава, 14 организации за човекови права испратија писмо до американската влада со барање да не го користи дискреционото право за воена помош за Египет, како што тоа го правеа поранешните претседатели Обама и Трамп.

„Продажбата на оружје и 1,3 милијарди долари годишна безбедносна помош за Египет продолжуваат и покрај долгогодишното влошување на условите со човекови права под претседателот Абдел Фатах Ал-Сиси од веројатни воени злосторства и долготрајна воена кампања во Северен Синај, до илјадници произволно затворени неистомисленици подложени на тортура и друго лошо постапување“, напиша Елиса Епштајн.

Администрацијата на Бајден исто така предложи продажба на оружје во вредност од над 2,5 милиони американски долари на Филипините помалку од две недели откако обвинителот на Меѓународниот кривичен суд побара отворање формална истрага за злосторства против човештвото поврзани со бруталната војна на Филипините против дрогата, вели Епштајн.

Покрај тоа, САД му одобрија на Израел прецизно наведувано оружје во вредност од 735 милиони американски долари и покрај неодамнешното бомбардирање на Појасот Газа кога користеше прецизно водена муниција за уништување домови.

„Американската влада не може да тврди дека ги промовира човековите права додека им продава напредно оружје на владите кои ги злоупотребуваат правата. Тоа не само што го поткопува кредибилитетот на Бајден, туку исто така го нарушува почитувањето на човековите права низ целиот свет “, напиша Епштајн.

https://twistmoe.net free anime

ANIMEFLIX: Miyanishi Tatsuya Gekijou: Omae Umasou da na anime episode 20 online free at https://animeflix.nl hunter x hunter animeflix

Watch anime online for free at AniWatch watch anime dub

Website https://gogoanime.be: Watch Fragtime gogoanime Episode Full gogoanime overlord

Producthunt: https://www.producthunt.com/@kissanimemx

Credly: https://www.credly.com/users/animeflixnl/badges