February 21, 2020 16:00
Ракомет Спорт

Хрватска ја победи Австрија

Хрватска ја оствари четвртата победа во четвртиот настап на Европското ракометно првенство. На стартот од втората фаза, Хрватска ја победи Австрија со 27-23, со што се изедначуваат во табелата со Шпанија, која исто така има 4 бода.

Следниот натпревар, Хрватска го игра во сабота против Германија, ако победи ќе се квалификува во полуфиналето.

Најефикасен во овој натпревар од составот на Хрватска беше Златко Хорват со шест гола, додека Дувњак и Циндриќ имаа по пет погодоци.