Спорт

Хрватска конечно победи, Данска убедлива против Холандија

Хрватска и покрај тоа што ги загуби шансите за пласман во полуфинале на Европското првенство, со 23:22 ги совладаа Исланѓаните, така „поматувајќи“ им го нивните планови за пласман во борбата за медали.

Исланд имаше фантастично прво полувреме во кое имаше 5 гола предност (10:5), која спадна на +2 на полувреме, но потоа во 13 минути во второто полувреме не постигнаа гол, и Хрватите поведоа со 20:15. По ова следуваше уште една резултатска „клацкалка“ – Исланд дојде до 22:21 предност, пред да пропуштат два напади, и вардарецот Анте Гаџа во финишот да ги шокира „рибарите“ за победа.

Со победата, Хрватите остануваат во игра за третото место во групата, кое може да води во борба за петто место на шампионатот, место кое може да донесе до пласман на Светското првенство во 2023 – Данска е квалификувана како шампион, Шведска и Полска како домаќини, така што и петтото место може да носи директен пласман. Ова беше шести меѓусебен дуел на Хрватска и Исланд на ЕП, и сега Хрватите имаат 5 победи и 1 реми.

За Исланѓаните, ова е незгоден пораз кој доаѓа по славната победа над Франција и ова е резултат кој најмногу им одговара на „триколорите“.

Репрезентацијата на Данска ја потврди фаворитската улога, недозволувајќи изненадување против незгодната Холандија на ова Европско првенство, и славеше убедлива победа од 35:23. По оваа победа, Данска и дефинитивно се чекираше во полуфиналето и како што се очекуваше останува во битка за медал од континенталниот собир.

Данска ја презеде контролата над играта и резултатот уште од самиот старт на натпреварот и не дозволи во ниту еден момент Холандија која играше без најдобриот стрелец, Кај Смитс, резултатски да им се доближи. Гидсел одигра натпревар без грешка за Данците во кој постигна девет погодоци, додека седум пати прецизни беа Микел и Јохан Хансен.Во редовите на Холандија во отсуство на Смитс, најдобар поединец беше Баијенс со шест постигнати голови.

Данците остануваат лидери во првата група со 8 поени, Французите и Исланѓаните се на 4, а Холандија, Хрватска и Црна Гора имаат по два поени. Вечерва се игра натпреварот Црна Гора – Франција.

anime to watch. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

animeheaven The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement

animeheaven AnimeHeaven Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train (Dub)

watch anime Yosuga no Sora: In Solitude Where We are Least Alone

dubbed anime AnimeHeaven One-Punch Man

anime heaven au Demon Slayer -Kimetsu no Yaiba- The Movie: Mugen Train