June 24, 2022 22:16
Балкан

Хрватска е најнебезбедна држава за возење во Европа

Американската компанија Зутоби, која е специјализирана за едукација за безбедностa на патиштата и обука на возачи, спроведе нова студија за најбезбедните и најопасните земји за возење.

Листата вклучува 53 земји ширум светот, но во неа ја нема Македонија, за разлика од останатите држави од Балканот. Во анализата се земени следниве индикатори- ограничување на брзината на автопатиштата, користењето на безбедносниот појас, ограничувањето на количеството алкохол во крвта и степенот на смртност во сообраќајот. Така е изработена листата на десетт најопасни и десетте најсигурни земји во светот.

Најопасна земја за возење е Јужна Африка, која има многу низок безбедносен индекс, само 3,41 поени од 10. Се проценува дека во оваа земја има 22,2 смртни случаи во сообраќајот на 100.000 жители, а само 31 отсто од патниците на предните седишта се врзани со безбедносни појаси.
Втора земја на листата на најопасни е Тајланд со само 4,35 поени. Тоа е затоа што има една од најниските стапки на користење на безбедносните појаси, но и фактот дека мотоциклите се главното транспортно средство што се користи во земјата.

Додека Јужна Африка и Тајланд се уште се земји во развој, третото место на листата го зазема САД, кои добија само 5,03 од 10 поени. Причината за ова е што 29 сообраќајни жртви се припишуваат на алкохол, што е бројка што се совпаѓа со границата на високата концентрација на алкохол во крвта што ја забележале возачите таму: 0,08 проценти.

Според Зутоби, Аргентина се наоѓа на четвртото место на неславната листа, а уште еден впечатлив податок што го покажува студијата е многу голем пораст на стапката на смртност од сообраќајни несреќи во Индија, од 15,6 на 22,6 отсто на 100.000 жители. Тоа е зголемување за повеќе од 50 проценти.
Шестата и седмата најопасна земја за возење и двете со индекс 5,63/10 се Хрватска и БиХ, и се единствените две европски земји на листата на најопасни бидејќи на последните три места од десет се Малезија, Перу и Боливија.

Од друга страна, водечката земја по безбедност е Норвешка, со оценка 8,20 од 10. Оваа нордиска земја има многу ниска стапка на смртност во сообраќајот, а употребата на безбедносниот појас е широко распространета, што ги објаснува добрите резултати.

Втора најбезбедна земја за возење е Исланд со 8,05 поени. Интересно е што во оваа земја ограничувањето на брзината е поставено на 90 km/h, што е очигледно пониско од просекот на земјите кој е 120 km/h.

Третото место меѓу најбезбедните е Естонија, која постигна 7,90, благодарение на една од највисоките стапки на употреба на сигурносни појаси (97,3 проценти), додека границата на концентрација на алкохол во крвта кај возачите е една од најниските: 0,02 проценти. По нив следат Јапонија и Молдавија со оценки 7,88 и 7,73, што значи дека четири од петте најбезбедни земји во светот се на Стариот континент.

auto go88 choi go88 online bắt go88

tool tài xỉu sunwin cho android ông chủ nhà cái sunwin sunwin nhà cái