November 22, 2019 04:36
Македонија

Хоџа: Се надеваме дека заедничката комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе изнајде решенија во насока на добрососедството

По најавите на бугарската министерка Екатерина Захариева дека Бугарија може да се повлече од работата на заедничката комисија доколку не се утврди дека Гоце Делчев е Бугарин, денеска портпаролот на Владата на Северна Македонија, Муамет Хоџа изрази надеж дека комисијата ќе изнајде решенија кои ќе бидат во насока на добрососедството и пријателството.

– Се надеваме дека комисијата формирана меѓу двете влади врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство ќе изнајде решение во правец на пријателството и добрососедството меѓу нашите две држави, рече Хоџа, одговарајќи на новинарски прашања по редовната прес-конференција во Владата.

Нови вести

Димовски: Десетици големи бизнисмени се рекетирани, имаат пријавено во странските амбасади

Igor

Заев: Северна Македонија е регионален шампион во реформи во енергетската политика

Igor

Апелација образложи зошто Јанева од Шутка се пресели во домашен притвор

Igor