April 21, 2019 20:41
Балкан

Хоџа: Одлуката за визна либерализација за Косово по изборите за Парламентот на Европа

Министерката за евроинтеграции на Косово, Дурата Хоџа изјави дека од средбите што ги имала во повеќе земји на Европската унија сфатила дека укинувањето на визите за косовските граѓани во моментов не е приоритет на Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.

Хоџа за весникот „Зери” изјави дека не очекува одлуката за визите да се донесе пред изборите за Парламентот на Европа што ќе се одржат во мај годинава.

Сепак, таа е оптимист дека визите ќе бидат укинати веднаш по овие избори.

– Уште еднаш ќе нагласам дека ние ги завршиме нашите задачи и сега сето зависи од земјите членки на ЕУ. Во овие актуелни околности во ЕУ не е приоритет нашето прашање и не е реално да се очекува да има одлука пред изборите. Побарав во јуни да влезе во агендата, не дадов ниту рок, ниту императиви за нашите потреби, туку само да се постигне консензус меѓу земјите членки за да влезе во агендата и да се гласа во Советот, изјави Хоџа.

Нови вести

Во Црна Гора убиен таткото на водачите на „шкаљарскиот” криминален клан

Filip

Се финализира изградбата на џамијата во Атина

Filip

Во Грција лани регистрирани 117 случаи на расистичко насилство

Filip