March 1, 2021 10:23
Економија Македонија

Хоџа и Нуредини на средба со претставници на турската агенција за земјоделско осигурување ТАРСИМ

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини остварија средба со претставници на турската агенција за земјоделско осигурување ТАРСИМ.

Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство и потребен е организиран пристап за прилагодување, но и кон заштитата на земјоделските производи преку осигурување на истите.

Како што соопшти МЗШВ, во таа насока министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Хоџа, придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини, одржаа состанок Серпил Ѓунал, генерален менаџер на ТАРСИМ, претставникот на Министерство за земјоделство и шумарство на Турција Бекир Енгурлу и останати членови на бордот на директори на ТАРСИМ агенцијата за земјоделство осигурување во Турција.

На средбата беше презентиран начинот на функционирање ТАРСИМ и беше договорена соработка за техничка помош со која ќе се воспостави земјоделски осигурителен систем во Северна Македонија.

Воедно беше договорено да се формираат работни групи со претставници од двете страни со цел да се започне процес на воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата држава. Овој систем ќе понуди долгорочно решение за проблемите што произлегуваат од природни непогоди и климатски промени кои се појаваат во земјоделскиот сектор, но и унапредување на осигурителниот сектор во делот земјоделство во Република Северна Македонија, стои во соопштението.

Watch KonoSuba: God's Blessing on This Wonderful World! Episode 2 (https://crunchyrollfree.com/m/zko/ep-2) at Crunchyroll crunchyroll app free

Watch Tsukimichi -Moonlit Fantasy- Episode Preview at website https://kissanimeonline.com. See more kamisama kiss anime