January 24, 2021 13:34
Балкан

Хоти: Барањата од Белград за посета на Косово се третираат согласно состојбата во земјата

Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека барањата на српските официјални лица за посета на Косово ќе се третираат „согласно чувствителноста на актуелната ситуација низ која минува земјата”.

Ваквиот став на Хоти уследи по писмото од специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак, кој изрази загриженост поради неиздавањето дозвола од страна на косовското Министерство за надворешни работи на српскиот претседател Александар Вучиќ за посета на косовскиот север, населен со мнозинско српско население.

Косовскиот премиер изјави дека неговата влада ќе ги почитува договорите потпишани во Брисел за слободно движење на граѓаните и меѓусебни посети на официјалните лица, меѓутоа ќе води сметка за контекстот на состојбата во земјата и на односите меѓу двете држави.

– Договорите ги почитуваме и сме за слободно движење, без никакви дилеми. Ние работиме на процесот на дијалогот, за да ги затвориме сите отворени прашања кои ги имаме со Србија, но понекогаш некои прашања се мошне чувствителни и дејствуваме во контекст на чувствителноста на ситуациите. Јас го примив писмото од господинот Лајчак и на истото ќе одговорам, изјави Хоти, нагласуваји дека Приштина е во постојан контакт со Брисел.

Во врска со изјавата на шефицата на косовската дипломатија Мелиса Харадинај-Стубла, дека на Вучиќ нема да му се дозволи да влезе во земјата „се додека не побара извинување за геноцидот на Србија врз народот на Косово”, Хоти рече дека официјалните ставови на Владата може да ги изрази единствено тој како премиер.

– Официјалните ставови на Владата ги изразувам јас, а не некој друг. Секако дека јас ги координирам работите со надлежните министри и тие можат да имаат одредени ставови, меѓутоа на крајот тие се координираат со мене, изјави Хоти.

Словачкиот дипломат Лајчак, во писмото до Хоти кое денеска го пренесоа медиумите во Приштина, изрази загриженост поради одбивањето на Приштина да му издаде дозвола на Вучиќ со соработниците да ја посети Северна Митровица во пресрет на неделните вонредни градоначалнички избори во таа општина.

Во образложението на косовското МНР се наведува и дека барањето на Вучиќ се одбива и поради неговите последни „заканувачки изјави кон Косово”, односно неговата порака дека треба да се изнајде решение за споровите меѓу Приштина и Белград, за да се спречи „на Косово да му се случи Нагорно Карабах”.

Во неодамнешното обраќање на јавноста, српскиот претседател рече дека судирот во Нагорно Карабах покажа оти „светот, освен со соопштенија, не е многу заинтересиран да реагира” на кризните ситуации и дека „на крајот, секогаш морате да сметате на сопствените сили”.

– Затоа Србија ќе мора да се јакне себеси воено и економски, порача Вучиќ.

Официјална Приштина таквите пораки на српскиот претседател ги оцени како „отворена закана со војна”, што воедно претставува и закана за мирот во регионот.

The Rising of the Shield Hero (https://crunchyrollfree.com/m/yv75) Episode 25 at Crunchyroll crunchyroll one free trial per payment method

Hunter x Hunter Episode 148 at AnimePlanet anime planet manga recommendations