April 19, 2019 16:52
Живот

Хороскопски знаци кои повеќе уживаат во авантурите без обврски отколку во врските

Луѓето се различни по карактер – додека едни бараат партнер за цел живот, други попрво би “скокале” од една авантура во друга.

Астролозите тврдат дека голема улога во тоа игра и хороскопот, а тие издвојуваат три знаци кои честопати го избираат сексот без обврски пред љубовта.

Близнаци

Неодлучните Близнаци се двоумат околу секоја одлука која треба да ја донесат во животот, а тоа често им го отежнува започнувањето на љубовна врска. Затоа, “пријателството со бенефиции” е нешто на кое тие полесно се согласуваат.

Стрелец

Тешко е да ги “припитомите” независните и слободоумни Стрелци, а во остварувањето на љубовната врска ги кочи нивната тврдоглавост поради која тешко прифаќаат било какви компромиси. Сепак, кога ќе се појави вистинската личност, сето горенаведено паѓа во вода.

Водолија

Личностите родени во овој знак обожуваат флерт и тешко го менуваат својот лежерен животен стил за сериозна врска. А дури и кога се во врска, тие не престануваат да кокетираат со други што лесно може да ги налути нивните партнери.

Нови вести

Приказна која го расплака светот: Дете пишува домашна под светлината на бандера!

24news

Братот е најважниот маж во животот на својата сестра

24news

Велигденски ритуал: Свештеник натерал деца да го тепаат, плукаат и да го сечат со нож 

24news