July 16, 2019 18:11
Македонија

Хорор во Скопје: Туку што родено бебе оставено на улица

Новороденче било оставено денеска на тротоар во скопската населба Топанско Поле, дознава 24 Инфо од очевидци.

Според нив, бебето било туку што родено и целото во крв кога го забележале минувачи околу 11 часот на булеварот Македонско Косовско бригада. Новороденчето било голо и оставено на тротоарот покрај тревник. Во непосредна близина, на улицата, била фрлена папочната врвца која ја пресекла мајката по породувањето.

Бебето со возило на Итна помош веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Нови вести

Заев: Контрадиктирно е да се зборува за владеење на правото, а да се одбива учество на лидерската

Igor

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

Igor

Дел од уредниците си заминуваат од 1ТВ

Igor