December 9, 2022 23:07
Хроника

Хорор во Скопје: Татко си го убил тримесечното бебе

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

-Вчера во 08часот, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода С.Б.(44) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 00.30 часот физички го малтретирал своето малолетно бебе, кое подоцна починало. Смрт констатирал лекар од Детска клиника при Комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде било пренесено се укажување помош. Според пријавеното, околу 00.30 часот, С.Б.(44) го удирал бебето, а потоа физички ја нападнал и својата сопруга А.М.(36) од Скопје. После тоа, А.М. го однела бебето во клиниката, каде била констатирана смрт велат од МВР.

Поврзани вести

Хрватска го исфрли и Бразил во пенал – рулетот

Dragan Nikolovski

Дизелот поевтинува за 5 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 4 денари

Igor

Во Здравствен дом Вевчани вработувани надрилекари- со лажни или без лиценци од Лекрската комора

Igor