August 20, 2022 01:15
Балкан

Хорор во Зрењанин: Жена го искасапила мажот со моторна пила и го сварила

Незапамтено убиство се случи во Зрењанин.46-годишна жена, со нож го избодe нејзиниот сопруг С.П. (42), а потоа го исекла со моторна пила. Таа прво го заспала, го заклала со нож, а потоа го исекла со моторна пила по нозете. Тоа се случи синоќа додека нејзината ќерка била во куќата .

Полицијата во Зрењанин ја привела Т.П. (46) од Зрењанин, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело тешко убиство.  На Т.П и е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде спроведена во Вишото јавно обвинителство Зрењанин.

Српски „Информер“ дополнува дека сопругата Тереза најпрво го заспала својот невенчан сопруг Срѓан, а потоа го избодела со нож. За да го прикрие злосторството, со моторна пила му го отсекла телото. Припадници на МВР влегле во просториите на семејната куќа каде се случил масакрот, а на шпоретот пронашле тенџере во кое се вареле делови од телото на жртвата.

Во куќата беа синот и ќерката на Тереза ​​кои го гледале сето тоа.

Ова убиство во Зрењанин го потресе целиот крај, а соседите велат дека Срѓан и Тереза ​​наводно имале психички проблеми и дека ова не е прв инцидент во таа куќа, а Тереза ​​неодамна го запалила креветот во кој спиел Срѓан.

Како што раскажуваат соседите за „Новости“, Тереза ​​му ставила седативи во вода на Срѓан, а тој не можел да се одбрани иако е многу пониска од него.

Тереза имала деца од првиот брак, а со Срѓан немале деца, ниту биле во официјален брак.