January 19, 2021 23:14
Македонија

Инспектори ќе ги испитуваат условите во Битолската болница

По барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска инспектори од Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе влезат во Клиничката болница во Битола за да одблизу ги согледаат условите во кои се лекуваат пациентите. Контролата следи откако се појави видео на социјалните мрежи . Имено во тоалет во битолската болница има чадор кој е поставен во близина на таванот за да не течат фекалии врз пациентите. За ова сведочи пациент кој овие денови престојува во болницата во Битола.

За условите во болницата во Битола на социјалните мрежи кружи ново видео, откако беа објавени слики од просторија во болницата каде што пациенти добиваат инфузија додека во соседните кревети лежат починати пациенти.Имено, тој детално ги објаснува деловите, а посебно се задржува на тоалетите каде што како што вели тој во еден од нив има поставено и чадор со цел да не капат фекалии врз главите на пациентите.

Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.

Watch Tsukimichi -Moonlit Fantasy- Episode Preview at AnimeFreak boku no hero academia animefreak

Attack on Titan Season 3 Part 2 Episode 10 at KissAnime playful kiss anime