December 9, 2021 01:16
Свет

Хонг Конг ги затвори училиштата, го подигна нивото на предупредување за бура

Властите во Хонг Конг денеска ги затворија училиштата и го зголемија нивото на предупредување за бура, бидејќи тајфун му се заканува на овој финансиски центар по втор пат во последната недела.

Опсерваторијата во Хонг Конг го подигна нивото на предупредување за бура од категорија 8, бидејќи силната тропска бура „Компас“ се движи кон Хонг Конг, пренесува „Ројтерс“.

Највисокото ниво на предупредување за невреме е категорија 10.

Финансиските пазари во Хонг Конг нема да се отворат доколку нивото на предупредување за тајфун остане на 8 или повисоко во 9 часот наутро по локално време.