February 27, 2021 07:42
Свет

Хонг Конг воведува строг карантин, првпат од почетокот на епидемијата

Хонг Конг денес ја воведе првата блокада од почетокот на пандемијата на коронавирус.

10.000 граѓани во густо населениот дел на островот Ковлун ќе мора да останат дома додека не бидат тестирани сите.

Владата објави дека има намера да ја заврши работата за 48 часа, за граѓаните да можат да одат на работа во понеделник, пренесува „Ројтерс“.

Во карантинската област има 70 згради.

Во тој дел на Хонг Конг, овој месец беа потврдени 162 случаи на коронавирус, а нивото на вирусот пронајден во канализацијата е поголемо отколку во другите области.

Хонг Конг беше меѓу првите делови на светот погодени од коронавирусот.

Кинескиот автономен регион успеа да го задржи бројот на заразени под 10.000, со околу 170 смртни случаи во поголемиот дел од минатата година, спроведувајќи строги мерки за сфизичка дистанца.

Watch Attack on Titan Episode 24 at website https://gogoanime.be. See more gogoanime softonic

Boruto: Naruto Next Generations (https://animefreak.ws/m/oj97) Episode 182 at website https://animefreak.ws. See more hunter x hunter animefreak