August 12, 2022 01:10
Свет

Хонгконг се спротивстави на критиките од Г7 и ЕУ

Управата на специјалниот административен регион на Хонгконг ги демантираше изјавите на министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) и високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, околу изборите за извршен директор на регионот.

Г7 И ЕУ со изјавите наведоа дека изборите им наштетиле на политичките и граѓанските права, како и на автономијата на Хонгконг, јави Кинеската медиумска група.

– Силно се противиме на тие неосновани критики и погрешни коментари за изборите на директор во двете изјави, истакна портпаролот на управата.

Тој подвлече дека изјавите претставуваат отворено мешање во внатрешните работи на Кина, вклучувајќи ги и на Хонгконг и очигледно, се во спротивност со меѓународните норми.

Портпаролот изјави дека изборниот систем во Хонгконг, напротив, ја проширил застапноста на изборите за извршен директор со проширување на изборната комисија со 1.200 членови од четири сектори на 1.500 од пет.

Џон Ли во неделата беше избран за нов лидер на регионот.

– Управата на Хонгконг, под водство на новиот извршен директор, ќе го стави градот од хаос во ред, истакна во понеделникот портпаролот на Министерството за надворешни работи, Џао Лиџијен во Пекинг.