January 26, 2021 07:01
Свет

Хонгконг се соочува со четвртиот бран на коронавирус

Властите на Хонгконг, кој се соочува со четвртиот бран на Ковид-19, ги засилија мерките во борбата против вирусот, а за сите што ќе дојдат во тој финансиски центар на Азија задолжителен е двонеделен карантин во хотел, без оглед на негативниот резултат од тестот, пренесува дописничката на „Танјуг“ од Хонгконг.

Баровите и ноќните клубови повторно се затвораат од денес во Хонгконг, еден од најгусто населените градови во светот, а рестораните остануваат отворени со пополнет капацитет од 50 проценти, додека бројот на луѓе кои можат да седат на една маса е ограничен на четири.

Бидејќи беа потврдени десетици нови позитивни случаи, што е најголемо зголемување во последните три месеци, министерката за здравство Софија Чан предупреди дека Хонгконг се соочува со четвртиот бран на коронавирус, за кој рече дека може да излезе од контрола ако нема остар одговор.

Shaman King (2021) (https://animeflix.nl/m/RVkg) Episode Preview at ANIMEFLIX neon genesis evangelion animeflix

Watch TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) Episode 1 at AnimePlanet anime planet boruto