February 21, 2020 07:12
Свет

Холандски суд ослободи лекарка поради извршена евтаназија

Холандски суд денеска ја ослободи лекарката по сите точки на обвинението поради евтаназија на 74-годишна пациентка, која страдала од деменција.

Судијата на Окружниот суд во Хаг утврди дека пациентката барала евтаназија во рана фаза на болеста, а лекарката внимателно постапувала и во согласност со законот, советувајќи се со други лекари и семејството на пациентката и врз основа на нејзината волја.

Според холандските закони евтаназијата е легална во услови кога пациентот е во неподнослива состојба на страдање, без надеж за оздравување и сака да умре.