July 23, 2019 14:04
Свет

Холандската железница им нуди отштета на жртвите на холокаустот

По речиси 75 години од завршувањето на Втората светска војна, холандската железница планира да им понуди отштета на жртвите на холокаустот и нивните семејства бидејќи учествувале во транспортот на Евреите во нацистичките логори во Холандија.

Железничкиот превозник НС ќе им стави десетици милиони евра на располагање на жртвите, објави во средата шефот на НС Роџер ван Бокстел во холандскиот град Утрехт.

Комисијата тврди дека меѓу пет и шест илјади преживеани од нацистичките логори или нивните роднини имаат право на отштета, која изнесува од пет до петнаесет илјади евра по човек.

Нови вести

Партијата на Зеленски може да обезбеди 253 места во новиот украински парламент

zane

Сиднеј: Полицијата заплени метамфетамин вреден над 140 милиони долари

zane

Борис Џонсон е избран за лидер на британската владејачка Конзервативна партија

zane