December 10, 2022 00:15
Свет

Холандија нема кризен план за нафтата и дизел-горивото

Холандската Влада нема изготвено план во случај на криза во снабдувањето со нафта и дизелот, како гориво од клучна важност за стопанството, предупреди националниот ревизор во Извештајот за состојбата со стратешките резерви во земјата.

Владата ја очекуваат проблеми на пазарот на дизел по 5 декември, кога ќе стапи на сила ембаргото на ЕУ за увоз на руска нафта од бродови, посочуваат ревизорите во Извештајот.

„Поради санкциите што ќе и бидат наметнати на Русија, можен е недостиг на дизел”, се наведува во резимето на документот во кој се истакнува дека „во моментов не постои национален кризен план за нафтата, сличен на оние за гасот и електричната енергија”.

Според ревизорот, дизелот е гориво неопходно за клучните елементи на економијата, како што се камионите што испорачуваат холандски производи и не е јасно кои корисници треба да имаат приоритет во случај на недостиг на тоа гориво.

Целта на изготвениот Извештај е да се долови ситуацијата, а не да се критикува владината политика, посочува портпаролката на ревизорот.