June 21, 2021 18:53
Спорт

Холандија без Ван Дајк на ЕП

Капитенот на холандската фудбалска репрезентација, Вирџил ван Дајк од редовите на англискиот фудбалски прмиерлигаш Ливерпул нема да настапи на Европското првенство кое ќе се одржи од 11 јуни до11 јули. Ван Дајк се повреди минатата година за време на градското дерби меѓу Ливерпул и Евертон, откако над него стартуваше голманот на противникот Џордан Пикфорд.
Тој веднаш беше опериран и се надеваше дека ќе успее да се врати на терените во финишот на сезоната и да настапи за својата репрезентација на претстојното ЕП, но и покрај големите напори на лекарите на Ливерпул и на „лалињата“, тој сепак нема да биде подготвен за настап.

Холандија на ЕП ќе игра во иста гурпа со Македонија, Австрија и Украина. Македонија и Холандија својот натпревар на ЕП ќе го одиграат на 17 јуни на стадионот „Јохан Кројф“ во Амстердам, додека првите два натпреаври со Австрија и Украина ќе ги игра во Букурешет.

4Anime dubbed anime: Naruto (https://4anime.biz/m/nMxR) Episode 220

ANIMEFLIX animeflix beastars: JoJo's Bizarre Adventure: Diamond is Unbreakable Episode 39