February 2, 2023 22:40
Балкан

Холандија бара од ЕУ да ги врати визите за Србија доколку не воведе санкции за Русија

Холандија бара од ЕУ да се вратат визите за Србија доколку не воведе санкции за Русија. Претставничкиот дом на Холандија на 8 декември, усвои резолуција со која се повикува нејзината влада да се заложи во Брисел за привремено суспендирање на безвизниот режим за Србија доколку Белград не се усогласи со визната и надворешната политика на Европската Унија(ЕУ).                                                                                                                                                                   Долниот дом го поддржува нашиот предлог за построг пристап кон Србија доколку претседателот Вучиќ не ги поддржи санкциите против Русија. Прекинувањето на процесот на пристапување на Србија во ЕУ може да стане опција. Нема да се двоумиме да го искористиме, изјави пратеникот Ван Вајнхарден.

Како што пишува European Western Balkans, предлогот добил поддршка и од владејачката коалиција и од пратениците од опозицијата, а бил поднесен од двајца пратеници од двете најголеми партии во владејачката коалиција, Јорен ван Вајнхарден од Народната партија за слобода и демократија (ВВД). ) и Шорд Шордсма од партијата Демократи 66.

Србија и досега добиваше опомени. Српскиот претседател Александар Вучиќ кажа дека за санкции кон Русија ќе го праша народот.