June 18, 2019 17:18
Скопје

Хепенинг во Градски парк: „Правиме добри дела и растеме заедно”

Во Градскиот парк денеска ќе се одржи хуманитарниот настан „Правиме добри дела и растеме заедно„ во организација на женската хуманитарна организација Inner Wheel Club Skopje Europea и невладината Аутизам МК.

Трета година Македонија е дел од најголемото глобално движење наречено Pay it Forward (Продолжи понатаму) кое се одбележува на 28 април. Истовремено април е месец посветен на подигнување на свеста за аутизмот како една состојба различна, но, сепак слична.

Настанот ќе биде со богата програма првенствено за најмладите, ќе учествуваат многу уметници, а околу сцената ќе има ликовна работилница, Театроск со живи статуи, пантомимичар и изложба на цртежи. Ќе има многу подароци за посетителите, а организаторите на овој настан праќаат единствена и уникатна порака за ширење на добрината, за прифаќање на различностите и емпатија меѓу луѓето.

Нови вести

Oпштина Кисела Вода со подршка за решавање на проблемот со центарот со зависници

Filip

Продолжува одличната соработка на Општина Чаир и ЈП “Паркови и зеленило”: Нови инвестиции за позелен Чаир

Igor

Општина Гази Баба: Просторот околу јамата во Хиподром е обезбеден со заштитна ограда

zane