January 20, 2021 14:37
Свет

Хенкок: Велика Британија планира до Велигден да се врати во нормалниот тек на живеење

Велика Британија ќе се обиде од пред Божиќ да почне со вакцинации против Ковид-19, од почетокот на следната година и со масовни вакцинации, а по Велигден да се врати во нормалните текови на живеење, најави денеска британскиот министер за здравство Мет Ханкок.

-Се надеваме дека од следниот месец ќе почнеме со вакцинирање, со масовни вакцинации од почетокот на следната година, во јануари, февруари и март, а по Велигден се надеваме животот да може да се врати во нормала, рече Ханкок, пренесен од британските медиуми.

Ханкок оцени дека веста за новата, 90-процентно ефикасна вакцина на компанијата „АстраЗенека”, создадена во соработка со Универзитетот во Оксфорд, е одлична вест.

-Нарачавме 100 милиони дози и доколку се оди според планот, масовната вакцинација ќе почне следната година, соопшти Ханкок, потврдувајќи дека ќе следат дополнителни безбедносни проверки на вакцината на „АстраЗенека”, пред да се добие конечно одобрение од регулаторното тело за ставање на вакцината во промет.

Watch The Seven Deadly Sins Episode 8 (https://funimationfree.com/m/gxp/ep-8) at website https://funimationfree.com funimation dragon ball super

TONIKAWA: Over the Moon For You (Dub) Episode 9 at website https://animeflix.nl. See more animeflix dragon ball z