October 15, 2019 11:52
Магазин

Хедер Локлир од клиника за одвикнување од алкохол напиша молитва со розов кармин

Актерката Хедер Локлир (58) повеќе години се бори со зависноста од алкохол. Таа неодамна на социјалните мрежи сподели фотографија од соба во клиника за одвикнување од алкохол. На огледало пред креветот, поранешната актерка напиша молитва со розов кармин и ја сподели со своите фанови на „Инстаграм“.

„Боже, ти се нудам себеси. Да градиш со мене и да одлучиш што да направиш со мене. Ослободи ме од моите окови“, напишана актерката позната по нејзините улоги во „Династија“, „Мелроус Плејс“ и „Спин Сити“. Во третиот дел од процесот на одвикнување, Хедер акцентт го стави на пронаоѓање верба и свртување кон Бога.

Локер се најде во центарот на вниманието минатата година, кога се скара со момчето Крис Хајсер (57), а потоа го претепа и го исфрли од куќата. Тогаш Хедер беше сместена на психијатриски оддел.

Порано се сметаше за икона на сексапил, а сега ја следат лоши приказни. Во јуни 2018 година, таа завршила во полициска станица затоа што возела во алкохолизирана состојба и со автомобилот ја срушила оградата пред нејзиниот дом во Калифорнија.

Нови вести

(Вознемирувачко видео) Матадор прободен во препоните од бикот на кој му заби копје

zane

Баба во инвалидска количка шверцувала три килограми кокаин

zane

Рони Вуд признава дека по толку години зависност од алкохол и дрога, чудо е што е жив

zane