January 22, 2022 22:35
Магазин

Хауард Стерн: САД стана земја од „третиот свет”

Радиоводителот Хауард Стерн повторно потсети дека „можеби ќе мора да се кандидира” за претседател на САД, овојпат, мотивиран од „нередот предизвикан од антиваксерите” во услови на пандемијата на коронаврусот.

Откако продуцентот на шоуто Крис Вајлдинг зборуваше за мерките на претпазливост во Панама, Стерн (67) во емисијата во вторникот рече дека САД „се претвораат во земја од третиот свет поради дебилите што живеат овде”.

– Тоа е тажен коментар за мојата земја. Ова е мојата земја. Има премногу зае**ни морони кои живеат тука. Би можеле да пребродиме многу, ако, само, сите се вакцинираат. Порано бев слободен, но повеќе не сум… Не се чувствувам добро за тоа што се случува во мојата земја. Можеби ќе треба да се кандидирам (за претседател) само за да го исчистам овој зае**н хаос овде!, рече Стерн.

Тој изрази оптимизам за тоа што може да направи како претседател – „ќе расчистел за две секунди”, онака како што претседателот Џо Бајден ги извлекол Американците од Авганистан. Водителот потоа ги критикуваше и познатите глумци кои се откажаа од деловни задачи зашто не сакаат да се вакцинираат.

– Да ви кажам нешто – една мала тајна… Ако сте глумец, навистина е тешко да се вработите, освен ако не сте, онака – во највисокиот, врвниот ешалон, раскажува тој натаму.

Се чини, на Стерн му се допаѓа и му прилега муабетот за кандидирање за претседател. Претходно, тој рече дека „ќе биде негова граѓанска должност”, доколку Доналд Трамп се кандидира за втор мандат во 2024 година, „да му удри клоца во…” – според познатиот експлицитен речник на водителот.

https://44anime.net/. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Naruto

watch anime free Gintama

animes online How NOT to Summon a Demon Lord Ω

4Anime Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba

Dragon Ball Z (Dub)