December 6, 2022 22:18
Свет

Харис во посета на Јужна Кореја

Потпретседателката на САД, Камала Харис денеска пристигна во посета на Јужна Кореја, еден ден откако Северна Кореја тестираше балистичка ракета.

На средбата помеѓу Харис и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-јол се разговараше за долгогодишниот безбедносен сојуз на двете земји, зајакнувањето на економската и технолошката соработка и голем број други регионални и глобални прашања.

Предвидено е Харис да ја посети демилитаризираната зона, што го дели Корејскиот Полуостров.