October 30, 2020 09:27
Магазин

Харисон Форд со спакуван ручек од „Брентвуд плаза“

Холивудскиот актер Харисон Форд во средата беше забележан од папараците додека зема спакуван оброк за дома од ресторан за органски салати во „Брентвуд гарденс плаза“ во Лос Анџелес.

78-годишниот Харисон, кого таблоидите го нарекуваат холивудска сребрена лисица, носи маска за лице во обид да се заштити себеси и другите од коронавирусот откако гувернерот на Калифорнија наложи маската да биде задолжителна при секое излегување надвор. Оваа мерка беше воведена на 18 јуни.

 

Фотографиите се направени утрото по прославата на 54. роденден на неговиот најстар син Бен од 15-годишниот брак со првата сопруга Мери Маркарт, од која се разведе во 1979 година.