February 17, 2019 11:26
Македонија

Харадинај се сретна со Салиу: Косово и Северна Македонија имаат одлични односи

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај го прими денеска на прва официјална средба новиот дипломатски претставник на Македонија во Косово, Реџеп Салиу, при што ги оцени како одлични односите меѓу двете соседни земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, како што објави на својата страница на Фејсбук, на средбата ја изразил посветеноста на неговата Влада за градење на добрососедски односи со Македонија.

– На средбата за запознавање со вршителот на работите на Северна Македонија во Косово, Реџеп Салиу, ја изразивме нашата волја за продлабочување на билатералната соработка и унапредување на партнерството во областите од заеднички интерес меѓу нашите две земји. Косово останува посветено на добрососедските односи и во тој правец нашите односи со Северна Македонија се одлични, напиша Харадинај.

Related posts

Апелациониот суд одлучува дали снимките од „Јутјуб“ ќе бидат доказ против Заев

24news

Министерката Шекеринска ќе се сретне со словенечкиот колега Ерјавец

24news

Американскиот Сенат ќе донесе резолуција за поддршка на Преспанскиот договор

Igor