February 24, 2019 04:45
Балкан

Харадинај: Ниту Тачи, ниту јас не сме сопственици на Косово

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека ниту шефот на државата Хашим Тачи, ниту тој, не се „сопственици на Косово”.

– Ние не сме сопственици на Косово, каде живеат два милиона луѓе. Тоа е чинот на прогласување независност. Ако некој си дозволи да преговара за територијата на Косово, тој е против уставот, истакна Харадинај во интервју за приштинската телевизија Т7.

Харадинај е уверен дека со Белград би било полесно да се постигне договор доколку не е отворена темата за корекција на границите. Тој смета дека тоа прашање за промена на границите ги нарушило односите на Приштина со „пријателите на Косово”.

Косовскиот премиер синоќа доби поддршка од својата партија Алијанса за иднината на Косово да не се откажува од таксите кои се воведени на производите од Србија и БиХ се додека не ја признаат независноста на Косово.

Највисоките органи на партијата потврдија три принципи од кои не смее да се отстапи при продолжувањето на дијалогот со Белград. Станува збор за „почитување на косовскиот Устав и декларацијата за независност од 17 февруари 2008 година, неусловен дијалог со Белград и 100-процентно зголемените такси на производите од Србија и БиХ до взаемното признавање”.

Related posts

Запленети 6 килограми хероин во луксузен автомобил на Албанец кај Игуменица

24info

Босански град го укина финансирањето на политичките партии

Ivona

Исповед на мајката на Легија: Аркан го спаси мојот син од муџахедини

24news