March 22, 2019 01:52
Балкан

Харадинај: Не е фер Западот да врши притисок само на Косово

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, изјави дека сите сојузници на Косово бараат укинување на таксите за увоз на производите од Србија и оцени дека тоа не е фер, бидејќи Србија е таа која поставува услови за продолжување на преговорите.

„Позцијата на Берлин е сосема јасна – дијалогот е од клучна важност и мора да продолжи, а таксите се препрека и мораат да бидат укинати“, рече Харадинај коментирајќи го разговорот со најблиските соработници на германската канцеларка, Ангела Меркел, пренесоа приштинските медиуми.

Косовскиот премиер истакна дека ја разбрал пораката, но оцени дека сите би требало да престанат да ја притискаат само жртвата, што било случај со Косово.

„И покрај барањата на сите наши западни сојузници, јас не можам да донесам одлука за укинување на таксите доколку претходно не ги видам сите елементи на обврзувачкиот договор помеѓу Србија и Косово“, порача Харадинај.

Тој го обвини Западот дека се однесува како Косово да живее во Средниот век.

„Меѓународната заедница не е во состојба да и се закани на Србија и од неа да бара да се врати дијалогот, па врши притисок на нас.  Мислам дека ова не е Среден век и работите не се прават на ваков начин, бидејќи сите ние сме претставници на слободни држави“, кажа Харадинај.

Нови вести

Граната пронајдена во дворот на британската амбасада во Белград

Filip

Заврши протестот на албанската опозиција во Тирана

Filip

Моисиу со совет до Мета: Решија кризата како јас во 2007

Filip