October 26, 2020 11:30
Балкан

Харадинај и Гуцати се обвинети за попречување на правдата и се наоѓаат во Хаг

Адвокатот на организацијата на ветерани на поранешна ОВК, Том Гаши изјавил дека претседателот на таа организација Хисни Гуцати и неговиот заменик Насим Харадинај веќе се префрлени во Хаг, пренесува РТС. Според Гаши, двајцата лидери на организацијата на ветерани наскоро би требале да се појават пред судија.

-Двајцата се осомничени за попречување на правда, двајцата се во Хаг. Наскоро ќе се појават пред судија кој ќе одлучи дали ќе им биде одреден притвор или не. Меѓутоа, не е познато кога точно ќе се појават пред судија, изјави Гаши.

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС вчера го уапси и потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај, откако претходно беше приведен претседателот на организацијата Хисни Гуцати.