April 19, 2019 23:15
Балкан

Харадинај е оптимист дека Косово ќе добие визна либерализација во јуни

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави денеска дека верува оти во јуни годинава граѓаните на Косово ќе можат слободно, без визи, да патуваат во Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај својот оптимизам за скорешно укинување на визите го поткрепи со изјавата на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој во интервју за весникот „Штутгартер Нахрихтен” истакна дека „реформите кои се направени таму (во Косово) се импресивни и тоа треба да се признае”.

– Затоа ја нагласив оваа изјава на германскиот министер, кој вели дека реформите се за почит. Поаѓајќи од оваа оценка јас мислам дека одиме кон либерализација. Јас се надевам многу дека во јуни годинава ќе го добиеме тоа што ни следува, односно визната либерализација, изјави Харадинај на денешната комеморација по повод 29-годишнината од убиството на косовскиот политички емигрант во Белгија, Енвер Хадри.

Нови вести

Србија: Основана Партијата на слобода и правда

Filip

Црногорскиот претседател против корекција на границите на Балканот

Filip

Хоџај: Односот на ЕУ кон регионот ќе се види кога ќе треба да ги започне преговорите со Скопје и Тирана

Filip