September 19, 2019 13:00
Балкан

Харадинај: Дијалогот со Белград треба да продолжи, но без условувања и одлагања

 Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај вели дека се согласува дека е потребно нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, но смета дека за постигнување на таа цел е потребен дијалог без условувања и без одлагања, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај на Твитер повтори дека крајниот исход од тој дијалог меѓу Приштина и Белград треба да биде меѓусебното признавање на двете држави во рамки на постоечките граници.

– Се согласувам со неопходноста од нормализирање на односите меѓу Косово и Србија. Владата им го претстави на Квинта и на Европската унија нацртот на сеопфатниот договор во кој се опфатени незавршените теми за меѓусебно признавање во постоечките граници. Повторно нагласувам – дијалог без услови, без одлагања, порача Харадинај.

Амбасадите на петте највлијателни држави акредититрани во Приштина, Соединетите Американски Држави, Германија, Италија, Франција и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта”, побараа од Косово и Србија веднаш да го продолжат дијалогот за нормализирање на односите. Во вчерашното соопштение, кое во името на петте држави го објави Амбасадата на САД, од Приштина е побарано да ја укине таксата од 100 отсто на српскиот увоз, додека од Белград да престане со кампањата за повлекување на признавањата на независноста на Косово. 

Нови вести

Хаг испрати нови покани за сослушување на припадници на ОВК

zane

Еден мигрант убиен во тепачка кај Бихаќ

zane

Над 115 илјади Косовци годинава ќе гласаат по прв пат

Valentina