February 24, 2019 04:44
Балкан

Харадинај: Ако нема договор до 2022 година со Србија, таксите остануваат

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај потврди денеска дека САД официјално побарале Приштина да ги укине таксите од 100 отсто за производи од Србија. Тој додаде дека тоа нема да се случи ако не се постигне договор со кој Србија ќе ја признае независноста на Косово.

Харадинај на прес конференција рече дека американскиот став му бил доставен од амбасадорот на САД во Приштина.

Тој очекува договорот со Белград за меѓусебно признавање да биде постигнат, а ако тоа не се случи до 2022 година, таксите ќе останат на сила.

– Ако двете држави Србија и Косово не влезат ист ден во ЕУ, балканското прашање нема да биде решено, изјави Харадинај. 

Related posts

Албанија од Нова Година затвори околу 4.300 кладилници

Ivona

Амбасадорот на Венецуела во Русија: Гваидо во Србија учел како се организираат протести

Filip

Србија и БиХ ќе бараат земјите од Западен Балкан да се изјаснат за регионалната соработка

Filip