На вечерашните протести во Подгорица против соборувањето на актуелната власт граѓаните го блокираа центарот на градот и се упатија кон РТЦГ каде вечерва гостувал вицепремиерот Дритан Абазовиќ.
Насобраните пееле „Излези душо“.
Полициски сили се собрани околу зградата на црногорската телевизија.
Според Дан, вицепремиерот им се обратил на демонстрантите и порачал дека нема да има предавства и дека ќе се зачува изборната волја на граѓаните.
„Ќе ви се придружам кога ќе имам време“, додал тој.