December 10, 2022 07:34
Свет

Хамнеи: САД и Израел ги испланираат немирите во Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи денеска ги осуди протестите, што веќе две недели се одржуваат ширум земјата поради убиството на Махсе Амини.

Ајатолахот Хамнеи, во првата реакција, за протестите ги обвини САД и Израел.

Овие немири беа планирани. Јасно кажувам дека овие немири ги смисли Америка и ционистичкиот режим и нивните вработени, посочи ајатолах Хамнеи.

Тој смртта на Амини ја оцени како „тажен инцидент” што ја остави земјата „со скршено срце”.

Амини почина во болница на 16 септември, три дена откако беше уапсена од моралната полиција поради непочитување на строгиот ирански к одекс на облекување и одведена во „центар за превоспитување”.