November 14, 2019 00:35
Свет

Хамнеи: Агресорот ќе зажали ако го нападне Иран

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, изјави денеска дека арапските земји од Заливот се однесуваат во согласност со волјата на Соединетите Држави и дека секој напаѓач ќе зажали доколку го нападне Иран.

„Ние немаме никаков мотив да бидеме непријателски расположени кон овие земји, но тие се управувани од САД во нивните постапки против Иран. Секој агресор ќе зажали за нападот врз Иран“, рече Хамнеи во разговор со пакистанскиот премиер Имран Кан.

Тој додаде дека прекинувањето на војната во Јемен ќе има позитивен ефект врз регионот.

Нови вести

Фејсбук отстрани две милијарди лажни профили и над три милијарди содржини

Filip

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија

Filip

Кремљ за постапката за отповикување на Трамп: Нема врска со реалноста

Filip