October 14, 2019 01:42
Спорт

Хамилтон: Фетел дефинитивно не е веќе број 1 во Ферари

Себастијан Фетел дефинитивно не е веќе број 1 во Ферари. Ова го објави светскиот шампион Луис Хамилтон пред Големата награда на Јапонија во недела.

Шарл Леклер одлично се снајде на последните натпреварувања, особено во квалификациите, доминирајќи против неговиот соиграч и има повеќе бодови – 215 наспроти 194.

– Навистина е интересна динамиката во тимот, бидејќи Себ беше бр.1, и сега тој дефинитивно не е. Излегува дека Шарл го презема водството и искрено не се сеќавам на некој тим,кој толку многу ја сменил својата поддршка во текот на сезоната. Сепак, дали е ова добро за тимот? Јас не мислам така, но на крајот на краиштата, тоа е нивната стратегија”, рече Луис.

Тој потоа ја објасни ситуацијата и тензиите со Фернандо Алонсо кога беа тимски колеги во Мекларен.

– Не се жалиме затоа што имаме добра филозофија, работите се одвиваат добро и не планираме да ја промениме. Кога започнав во Мекларен, Фернандо влезе како број 1, но во средината на сезоната се смени и тензиите станаа сериозни. Тој беше најплатениот возач во Формула 1, но нам ни беа дадени еднакви шанси, додаде тој.

Нови вести

Полска пресилна за Македонија

Igor

Нејмар се повреди на пријателскиот натпревар против Нигерија

Filip

Чех го имаше своето деби на хокеарски натпревар

Filip