December 9, 2022 12:45
Спорт

Хамилтон: Нема да биде крај на светот ако ниту еднаш не победам сезонава

Седумкратниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон, истакна денеска дека нема да биде „крај на светот” доколку не успее да победи на ниту една трка до крајот на првенството.

„Останаа уште шест трки, значи шест шанси за победа. Ако не успееме, нема да биде крај на светот. Ќе се вратиме на врвот”, изјави британскиот возач, кој дебитираше во Формула 1 во 2007 година.

Хамилтон е рекордер според бројот на победи во Формула 1 (103) и има најмалку една сезона победа од својот дебитантски настап.

Минатата сезона Хамилтон заврши на второто место во генералниот пласман, а сезонава е дури шестопласиран.