March 29, 2020 04:31
Спорт

Хамилтон: Верстапен врши одлична работа, но јас не се споредувам со никого

Пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон не обрнува внимание на зборовите на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер за Макс Верстапен.

Хорнер го нарече Холанѓанецот најдобар возач во светот во моментов, со оглед на неговите резултати во изминатите 10 месеци и недостатокот на грешки.

Во меѓувреме, сепак, Хамилтон ја освои својата петта шампионска титула и е убедлив лидер во 2019 година.

– Немам што да кажам за овие зборови. Луѓето имаат потреба од внимание од време на време. Макс врши одлична работа, интересно е да го гледаш. Ќе биде интересно како работите ќе продолжат понатаму. Јас лично не се споредувам со никого. Немам потреба од тоа, рече Луис Хамилтон.