November 30, 2020 14:39
Спорт

Хамес се повреди, го пропушта дуелот со Саутемптон

Ѕвездата на англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон, Хамес Родригез нема да биде во составот за претстојниот натпревар со Саутемптон.

Менаџерот на „карамелите” Карло Анчелоти ја потврди повредата на Колумбиецот.

– За жал, Хамес доби проблем за време на натпреварот против Ливерпул. Имаше судир со Ван Дајк на почетокот на натпреварот и тој нема да биде на линија, рече италијанскиот стручњак.

Не се очекува тој да отсуствува долго поради неговата повреда.

Поранешниот играч на Реал Мадрид брзо стана клучна фигура за Евертон. Екипата на Ливерпул е лидер во Премиер лигата по одличниот почеток – четири победи и реми на пет одиграни натпревари.