February 2, 2023 21:38
Спорт

Халанд: Второто место во Премиер лигата не е резултат што го посакуваме

Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд ги коментираше р езултатите од првата полусезона во Премиер лигата.

– Се чувствувам како да се вселив во тимот и лигата на која морав да се прилагодам. Задоволен сум од тоа како започна се. Но, не се работи за мене. Се работи за тимот, како ќе настапиме, а втората полусезона е најважна сега. Ние сме во добра позиција, имавме многу успешни натпревари, но сме втори во Премиер лигата и тоа не е резултатот што сакаме да го постигнеме на крајот од сезоната. Сега наша задача е да се вратиме на претходното ниво и да одиграме онака како што можеме. Ќе се фокусираме на тоа да влеземе во форма, да се подготвиме и потоа да се упатиме кон Ливерпул за да добиеме позитивен резултат и да им дадеме на нашите навивачи причина да се радуваат во вториот дел од сезоната, изјави Халанд.

Арсенал води на првенствената табела во Англија. Лондонскиот клуб на 14 натпревари освои 37 бодови и е пред „граѓаните” со пет бода предност.

Дваесет и двегодишниот Халанд оваа сезона забележа 18 настапи за Манчестер сити во сите натпреварувања, постигнувајќи 23 гола и три асистенции.