September 29, 2020 06:47
Македонија

Хакирана фан страната на Централен регистар на Фејсбук

Централниот регистар на Република Северна Македонија денеска соопшти дека нивната фан страна на социјалната мрежа Фејсбук е хакирана и замолува содржините кои ќе бидат објавувани од таа страна граѓаните да ги игнорираат, бидејќи како што велат, не се нивен став.
Во своето соопштение посочуваат дека во моментот се работи на нова фан страна за која медиумите и јавноста дополнително ќе бидат известени.
-Фан страната на Фејсбук е искреирана уште пред 10 години од лицето Емил Јакимовски во времето кога тој бил раководител на Одделението за маркетинг и односи со јавност. Централен регистар се сомнева дека ова лице стои зад постовите кои се појавија на фан страната на социјалната мрежа Фејсбук во изминатото деноноќие, се наведува во соопштение на Централниот регистар.
Овој случај, како што велат, ќе биде пријавен до Секторот за компјутерски криминал при МВР и воедно упатуваат апел истражните органи да го испитаат.