February 2, 2023 02:02
Свет

Хакирана руската банка ВТБ

Банката ВТБ, втора по големина во Русија денеска беше цел на хакерски напад поради што е отежнат пристапот до нејзината мобилна апликација и веб-страница.

ВТБ соопшти дека и покрај хакерскиот напад податоците на клиентите остануваат безбедни.

Државната ВТБ нападната со ДДоС од странство.

– Технолошката инфраструктура на банката е под невиден сајбер напад од странство. Најголем не само годинава, туку и во целото време на работење на банката, се наведува во соопштението на ВТБ.

Руските владини субјекти и државните компании се цел на хакерски напади поради инвазијата врз  Украина. Претходно хакирани беа интернет-страниците на Кремљ, на авиокомпанијата Аерофлот, на Сбербанк и други.  Хакерите, исто така, го одложија почетокот на говорот на претседателот Владимир Путин на главниот руски економски форум претходно оваа година.