April 2, 2020 19:47
Спорт

Хакер влегол во е-поштата на Пеп и ги понудил информациите на продажба за 100.000 фунти

Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, трофејниот шпански стартег  Пеп Гвардиола бил жртва на хакерски напад. Триесетгодишен маж кој е ИТ професионалец успела да влезе во електорнската пошта на Гвардиола и дошол до интересни податоци  кои одлучил да ги стави на продажба, по што бил откриен и уапсен. Податоците кои Пеп ги имал во електорнската пошта како телефонски броеви на сите фудбалери, разговори за евентуалните засилувања на Сити… хакерот ги продавал за 100.000 фунти.

-Ова беше најлесното нешто што го направив. Имав можност да го добивам секој е-маил што го испраќа. Не ги чувам информациите со мене затоа што ќе го најдат мојот телефон. Видов многу интересни работи, изјавил хакерот за Сан.

Овој разговор за Сан, хакерот го чинел скапо. Новинарите се обратиле до клубот за подетални информации, а од таму веднаш ја известиле полицијата и во понеделникот хакерот бил приведен.

-Машко лице беше уапсено и обвинето за кражба на лични податоци. Тој беше пуштен на слобода по разговорот во полициската станица, а истрагата продолжува, соопшти полицијата.

Хакерот потврдил дека во поштата на Пеп пронашол разговори за трансферот на Матијас де Лихт, па дури и  за Сократис Папастатопулос и дека можел да ги види сите други детали поврзани со sвездите на Сити, вклучувајќи ги и нивните исплати.