December 5, 2022 09:53
Спорт

Фјури: Џошуа е идиот и кукавица и ништо од таа борба

Носителот на појасот на ВБЦ, Тајсон Фјури, се огласи на социјалните мрежи за да ги информира љубителите на бокосот дека рокот што му го даде на Ентони Џошуа (вчера до 17 часот) да го потпише договорот за нивната борба на 3-ти декември измина.

Ако Фјури е сериозен, тоа би значело дека мечот против Џошуа пропадна, а тој се врти кон нов противник, а тоа би бил Мануел Чар.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, верува дека Чар бил противникот кој Фјури го посакувал цело време. Планот на Фјури е меч против Александр Усик, кој неодамна во реваншот го совлада Еј Џеј и ги одбрани шампионските титули на ВБА, ВБО и ИБФ.

Борбата за апсолутен светски шампион би можела да се договори во февруари или март следната година.

-Денеска е Денот Д, помина 17 часот, а договорот не е потпишан. Завршена приказна со Џошуа. Заборавете на таа борба, тој е идиот и кукавица, изјави Тајсон Фјури.